понеделник, 22 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

И цимерката на Меланија има збор-два да каже за првата дама

Плејбој зајчицата Викторија Силвстед ѝ била цимерка на Меланија Трамп пред дваесет години кога првата дама на Америка живеела во стан во Париз. Убавиците во тоа време биле мнекенки во подем.

Викторија открива зошто Меланија толку лошо зборува англиски иако е со години во Америка. Во говорот на Меланија доминира балканскиот нагласок како вчера да дошла од Словенија.

#Diva ✨ “ Self confidence is the best outfit, rock it and own it “

A post shared by Victoria Silvstedt Official (@victoriasilvstedt) on

Нејзината бивша цимерка е уверена дека причината за тоа е повлеченоста и друштвената изолираност на Меланија.

– Никогаш не сакаше внимание. Секогаш беше тивка и повлечена. Таа и понатаму го има тој акцент бидејќи никогаш активно не зборувала англискии не се трудеше да разговара со другите со цел да го подобри – вели Викторија.

Плејбој зајчицата повторно ја сретнала Меланија минатата година и мисли дека не е сменета.

– Иста е. Сѐ уште сака луксуз, сѐ уште го има тој ужасен акцент – изјавила Викторија за својата цимерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top