четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 86 ново

Салма Хаек: Пријателството со Клуни ми помогна да не сум на листата силувани од Вајнштајн

Голем број холивудски ѕвезди го обвинија продуцентот Харви Вајнштајн за сексуална злоупотреба и силување, а им се придружи и Салма Хаек. За Њујорк Тајмс вели дека Вајнштајн и се заканувал дека ќе ја убие откако одбила сексуален однос со него.

Тврди дека со години го одбивала, а секој негативен одговор би го разбеснил Вајнштајн.

-Ќе те убијам, немој да мислиш дека не можам тоа да го направам, велеше Вајнштајн, тврди актерката.

Смета дека од силување ја спасило пријателството со Квентин Тарантино и со Џорџ Клуни. Иако била вознемирена кога нејзините колешки почнале да зборуваат за злоупотребата, вели дека не сакала веднаш да зборува мислејќи дека се помирила со минатото.

-Всушност се обидував да ги спасам од објаснување моите сакани, затоа што кога случајно спомнав дека Харви ме злоставувал, премолчев некои детали, вели Хаек.

Актерката и продуцентот соработуваа на биографскиот филм за Фрида Кало. Тврди дека продуцентот барал да му дозволи да гледа додека се тушира, да го масира, орално да го задоволува и да биде со друга жена.

Тврди дека ја наговарал да сними фронтална сцена од секс за филмот, а тоа го немало во сценариото и дека таа доживеала нервен слом кога снимале.

Обвинувањата на Селма се едни од триесетте до сега стигнати на сметка на Вајнштајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top