петок, 20 април 2018 | Вести денес: 3 ново

Принцот Хари открива: Ова е единственото нешто што не и го простив на мајка ми Дијана!

Поминаа веќе 20 години откако принцезата Дајана загина. Меѓутоа, таа остави таква трага на човештвото, што и денеска луѓето подеднакво се интересираат за нејзиното дело и живот.

Од нејзината смрт, на неа принцовите Вилијам и Хари секогаш се присетуваат со полно љубов и почитување. Спомените на неа нема да избледат до крај на нивниот живот.

Многумина затоа се изненадија кога принцот Хари рече дека има една работа која и ја замера на мајка му.

Гледајќи ги фотографиите од детството, Хари вели дека не може да и прости како ги облекувала Вилијам и него.

-Било вообичаено двајцата да не облечат во иста облека, со сјајни чевли со шнола. Тие фотографии толку ме засмејуваат и секогаш се прашувам зошто така не облекувала – вели Хари.

Иако изгледа не му е по волја поради облеката која им ја бирала, бескрајно и е благодарен на љубовта и посветеноста. За него таа била најдобра мајка на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top