петок, 20 април 2018 | Вести денес: 93 ново

Поранешната најдобра другарка со изненадувачки изјави за Маркл – еве кој застанал на нејзина страна

Изминативе неколку дена, американските медиуми ја пренесуваат изјавата која поранешната најдобра другарка на Меган Маркл, Нинаки Приди ја дала за еден магазин, а со што објаснила како тие го завршиле нивното пријателство.

Тие биле другарки повеќе од 2 децении, а пријателството им завршило по разводот на Меган од продуцентот Тревор Енгелсон.

– Околку еден месец по разводот се видов со Тревор за да го прашам како е, а по тоа што го дознав од разговорот не можев да продолжам ниту да зборувам со Меган, вели Приди.

Таа не открива точно што дознала, но вели дека не можела а да не застане на страната на Тревор.

– Таа е многу пресметлива за тоа како се одесува со луѓето. Меган е голем стратег и ако одлучи дека повеќе не сака да бидете дел од нејзиниот живот, знае да биде многу ладна, додале Нинаки.

По овие написи на страната на Меган застанала ни помалку ни повеќе, туку војводката Кејт Мидлтон која изјавила дека веќе била на нејзино место и минала низ истите работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top