понеделник, 22 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Јаневски: Ова беше заслужена победа

Eкипата на Вардар ја продолжи победничката серија на домашен терен во првенствените натпревари. „Црвено-црните“ имаат серија од 65 натпревари дома без пораз (последен пораз во март 2014 година). Попладнево Вардар во заостанат натпревар од 12.коло од Првата лига го совлада градскиот ривал Работнички со 1-0.

– Ова беше заслужена победа. Во првиот дел малку беше очигледен и заморот, затоа што првпат после долго време немавме многу ротации во тимот и се виде дека овој дуел не го почнавме како што ги почнавме последните два натпревара со Розенборг и со Академија Пандев. Високата поставеност на Работнички исто така не ни дозволи да развиеме наша игра. Затоа не почнавме добро, иако мислам дека бевме тим кој што сакаше, покажуваше желба. Во второто полувреме целосно друга слика. Бевме доминатни, направивме 2-3 „зицер“ шанси, мораше порано да го отвориме натпреварот. Упорноста, карактерот, желбата на фудбалерите на овој натпревар покажаа дека Вардар мора да верува и да се надева во другиот дел од првенството дека може да стигне до титулата, истакна по дуелот тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.

За екипата на Вардар останува уште еден натпревар, реванш дуелот со Шкупи од осминафиналето на Купот на Македонија. Натпреварот се игра в недела (17.декември) на теренот на противникот, а првиот натпревар заврши без победник 1-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top