четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 112 ново

Протестите продолжуваат: Груевски повторно меѓу граѓаните, се бара итно стопирање на политичкиот прогон

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вечерва, како и претходните денови, присуствуваше на протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Тој заедно со граѓаните ги слушна пораките кои ги упатија говорниците на протестот. Граѓаните бараат итно запирање на сите процеси на политички прогон.

Груевски присуствуваше и на сите претходни протести кои се одржуваа пред Министерството за правда, Кривичниот суд и затворот во Шуто Оризари.

Инаку, протестите продолжуваат и утре во 18 часот пред Министерството за правда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top