вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

На Шешељ му е гајле за обвинението: Не го гледав рочиштето, во тоа време спијам

Хашкиот трибунал за воени злосторства денеска одржа рочиште по жалбата на Обвинителството, кое ја спори ослободителната пресуда за лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешељ. Тој одбива да учествува во натамошниот тек на судењето, откако беше пуштен на слобода во Србија поради здравствени причини во 2014 година, па беше застапуван од службено именуван адвокат.

Трибуналот не е врзан со временски рок во кој треба да донесе одлука по жалбата на Обвинителството.

Шешељ за рочиштето изјави дека нема што да додаде на таа тема и дека одмана завршил со тоа.

– Воопшто нема да одговорам на тоа. Јас денеска не го гледав рочиштето, во тоа време јас спијам и со тоа завршив, изјавил лидерот на радикалите.

Во 2015 година Трибуналот го ослободи Шешељ од обвиненијата дека поттикнувал омраза и насилство кон Хрватите и Бошњаците за време на конфликтот во поранешна Југославија на почетокот на 90-те години на минатиот век и дека е одговорен за убиства, мачење и сурово постапување со заробеници и за депортирање на цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top