четврток, 22 ноември 2018 | Вести денес: 33 ново

ЈСП Скопје ќе брка 250 луѓе од работа, гориво ќе купува од Макпетрол

Предновогодишна „чистка“ во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Околу 250 лица, вработени преку Агенција или со директен договор со ЈСП ќе останат без работа, јавува Курир.

Извори од Јавното сообраќајно претпријатие велат дека околу 50-тина лица кои биле вработени преку Агенција за привремени вработување веќе ги добиле своите известувања дека договорите нема да им бидат продолжени. На најголемиот дел од нив договорите им завршуваат на 31 декември годинава.

Вработен во ЈСП Скопје пак, кој сакал да остане анонимен, за порталот потврдил дека му е врачено известување дека договорот нема да му биде продолжен. Тој додава дека известувања добиле и други негови колеги.

Во вториот бран на отпуштања, се очекува да бидат уште 200 лица кои имаат директен договор со ЈСП Скопје, најголем дел од нив со над две години работење во претпријатието. Пет лица кои имаат директни договори за вработување со ЈСП за Курир потврдуваат дека нивните имиња заедно со многу други се слушаат во кругот на претпријатието како лица кои ќе се најдат во вториот бран на отпуштања кои се подготвуваат во ЈСП. Во меѓувреме голем дел од нив се преместени од своите работни простории и се соочуваат со нечовечки однос.

Покрај отпуштањата кои се подготвуваат во ЈСП, претпријатието предвремено раскинува на договори за соработка со надворешни компании. Нашите извори велат дека се бараат причини за предвремено раскинување на договор за набавка на нафта со компанијата АЛОВ, со цел влегување на Макпетрол на широка врата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top