понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Грција: Над еден милион даночни обврзници со конфискуван имот

На над еден милион даночни обврзници во Грција имотот веќе им е конфискуван поради задоцнети обврски кон банките, соопшти „Катимерини“.

Весникот алармира дека на ден властите конфискувале по илјадници имоти на лоши должници. Тие се на аукција.

„Прото тема“ предупредува дека е можно секој со неподмирен долг,дури и за 500 евра, да ја загуби куќата преку интернет т.е. во рамките на онлајн наддавања.

Владата во Атина се обврза пред кредиторите да го реши прашањето со „лошите кредити“, што е услов за отпуштање на дополнителни транши кредити на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top