петок, 20 април 2018 | Вести денес: 3 ново

Има три ќерки, но ги крие од целиот свет – Никола Којо ги открива своите најголеми стравови

На актерот Никола Којо најважна му е улогата на татко. Актерот е татко на три ќерки: Ана и близначките на  кои никогаш не сакал да им ги открие ниту имињата, а на прашањето дали стравува поради времето во кое денес растат младите, тој одговара потврдно.

-Сигурно дека стравувам, како и сите од некоја неизсвесност која ја носи овој капитализам  во кој некои стареат, а некои растат. Генерално, времињата се тешки, така што човек навистина има причини за грижа. Од друга страна треба да се радуваме на животот, треба децата да ги учиме да не се плашат од ништо, а ми се чини дека и возрасните треба да се учат да не се плашат од ништо – вели Којо.

-Точна е изреката: Колку се децата поголеми, поголеми се и проблемите. Тоа е најголемата и најодговорна улога во животот. Човекот едноставно во таа безусловна љубов мора да ги сака и почитува децата повеќе од себе. Тоа некако е природно – смета актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top