понеделник, 22 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Вулин обвини: Заев не го одржа зборот!

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев во Приштина за зачленувањето на Косово во УНЕСКО, изјави дека „македонскиот премиер Зоран Заев не го одржал зборот“.
-Како што претходно со месеци најавуваше претседателот Александар Вучиќ, македонскиот премиер не го одржат својот збор. Иако јавно даде ветување дека ќе биде воздржан во однос на прашањето за членство на Косово и Метохија во УНЕСКО и дека тоа ќе биде доказ за пријателство кон Србија, Заев одлучи да ја поддржи Приштина. Со тоа Заев покажа дека Вучиќ добро ги познава и луѓето и можностите, но исто така, и што навистина мисли македонскиот премиер за Србија – изјави Вулин.
-Србија и нејзиниот претседател се пријатели на Македонија и на нејзините граѓани.Македонскиот премиер тоа не знае да го почитува – заклучи Вулин.
Зоран Заев денес за време на посетата во Приштина, на прaшањето дали Скопје ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО, изјави „ние даваме голема поддршка на дијалогот што е отворен меѓу Приштина и Белград, и во функција на тоа е решавањето на сите овие прашања. Косово треба да смета на поддршката на Република Македонија во сите свои процеси, но истовремено знаете дека и Република Србија е нашиот сосед, така во делокругот на доброто соседство со сите земји, се надеваме дека билатерално ќе се решаваат
прашањата, а ние ќе бидеме тука да ги помогнеме процесите – изјави премиерот Заев.

Оваа изјава на Александар Вулин ја објавија речиси сите медиуми во Србија, паралелно со изјавата на македонскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top