понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Понижување на текстилните работници: Штипска конфекција поделила К 15 од 100 денари

Ново понижување на работниците во текстилството – штипска конфекција на своите вработени им поделила К 15 од по само 100 денари. Понижувакиот надоместок за годишен одмор работниците го добиле откако интервенирала трудовата инспекција по пријава на Хелсиншки, јавува локалната телевизија Стар.

– На наша иницијатива извршен е вонреден инспекциски надзор, во неколку конфекции во Штип, по што во една од нив е исплатен регрес за годишен одмор од само 100 денари, вели Симона Живкова, правник во Хелсиншки Комитет за човекови права.

За ваквата одлука , конфекцијата го искористила делот од Законот кој предвидува исплата на помал износ од предвидениот, доколку работодавачот се соочува со проблеми при работењето.

– Законот не прецизира кој е тој помал износ што може да се исплати, па работодавецот кој истакнал дека работи со загуба, со потпис на еден од вработените, поделил по 100 денари за К 15, појаснила Живкова.

– Во повеќе конфекции е утврдено исплаќање на плата помала од минималната, а во три конфекции во Куманово, Валандово и Делчево, работниците враќале на рака дел од платата, изјавила Кристина Ампева, претседател на Здружението „Гласен текстилец“ – Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top