вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Шилегов оптимист: Скопје ќе биде зелена европска престолнина до 2021

Новата градска администрација има цел преку еколошко и модерно системско решение да го растовари градскиот метеж во центарот на градот и да се намали емисијата на штетни гасови, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на Регионалната конференција „Зголемување на бројот на велосипеди во Скопје“ поддржана од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и германската Влада.

Со секоја нова реконструирана и изградена улица Градот Скопје предвидува изградба на соодветни велосипедски и пешачки патеки, а се со цел да се овозможат алтернативни начини на движење на граѓаните на град Скопје, рече Шилегов.

Нагласи дека Скопје ќе биде просперитетен и модерен град и најави дека планот на градската администрација е Скопје треба да стане зелена европска престолнина до 2021 година со функционирање на градот со системот смарт- сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top