сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 63 ново

Центарот за јавно задравје со апел до угостителските работници

Се наближуваат Новогодишните празници, период кога се очекува Охрид и Струга да бидат посетени од голем број туристи и гости.

Со цел да се намали ризикот, превенира и избегне појавата на инфекции и труења предизвикани од биолошки, хемиски или физички причинител, кои можат да предизвикаат штетни последици врз здравјето на луѓето, од Центарот за јавно здравје со апел до угостителските работници, сопственици на хотели, ресторани, кафулиња, маркети и сл. на законската обврска за навремено вршење на: здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци и сл. (на секои 6 месеци), собарки (на секои 12 месеци) како и дезинфекција, дезинсекција, дератизација на просториите во објектите (на секои 6 месеци).

Во интерес на заштита на здравјето на населението, Центар за јавно здравје Охрид со своите човечки и технички капацитети е подготвен да излезе во пресрет на потребите и барањата за професионално и навремено вршење на горенаведените услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top