вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 31 ново

Снежна бура и силен ветер во Босна и Херцеговина, големи материјални штети

Делови на Босна и Херцеговина од синоќа се зафатени со снежна бура и силен ветер, кои предизвикаа голема материјална штета.

Од јачината на ветрот искорнати се дрвја, кровови на куќи и згради.

Се уште нема информации за повредени лица, а според податоците на Цивилната заштита на Република Српска, 318 објекти претрпеле материјална штета.

Пожарникарите имале 31 интервенција. Некои од населбите во Бања Лука останаа без струја.

Проблеми има и во Зеничко-добојскиот кантон на БиХ, каде што е урнато минарето на познатата Чаршиска џамија. Полицијата соопшти дека никој не е повреден при уривањето на минарето и додаде дека е причинета материјална штета на тој верски објект и на неколку други во близина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top