петок, 20 април 2018 | Вести денес: 71 ново

Минчо Јорданов: Ќе тужам доколку се користи терминот „Нова Македонија“

Бизнисменот Минчо Јорданов излезе со жестока реакција на најновиот предлог на преговарачот за името Метју Нимиц, кој неофицијално предлага Република Македонија да биде преименувана во Република Нова Македонија.

За Јорданов ова е неприфатливо, затоа што тој ги поседува авторските права за „Нова Македонија“ и го поседува весникот со тоа име.

– Нова Македонија не доаѓа предвид. Јас напорно сум работел за да спечалам доволно да го купам брендот со овој назив, за сега некои преговарачи да ја земат трговската маркица. Доколку се случи ова, ќе поведам постапка пред меѓународните судови, вели Јорданов.

Јорданов додава дека околу ова прашање разговарал и со ексдиректорот на Нова Македонија, Панде Колемишевски, кој го делел неговиот став.

– Колемишевски ме поддржува во оваа борба. Со тоа што тој за разлика од мене би преговарал со Нимиц, Република Македонија и Република Грција. Имено, тој би прифатил да се користи терминот Нова Македонија доколку се смени историјата и наместо Киро Глигоров, тој биде прогласен за прв претседател на државата, вели Јорданов.

Тој најавува и санкции од сите негови компании, доколку државата се преименува во Нова Македонија и така биде нарушено правото на неговиот бренд.

– Ќе воведам огромни маржи за производите кои ги произведувам. Вино, кашкавал, метални производи. На Европската унија ѝ најавувам трговска војна од секоја перспектива доколку се изгласа ова име. Дури и да ме стават да бидам претседател на управен одбор на новата земја, јас не приќам да ми го украдат брендот – поентира Јорданов.

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top