четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 110 ново

За гол на годината во ЛШ е прогласено торпедото на Циндриќ (ВИДЕО)

Централниот бек на Вардар, Лука Циндриќ го постигна најубавиот погодок во Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017.

Европската куќа на ракометот – ЕХФ направи листа на 30 најдобри голови за 2017 во Лига на шампиони.

Голот на Хрватот во полуфиналето на Ф4 во Келн против Барселона со кој Вардар обезбеди финале, а потоа и го освои трофејот, се најде на врвот во изборот на ЕХФ – ТОП 30 погодоци.

Од македонските ракометари, во овој избор на ЕХФ е голот на Дејан Манасков против Киелце, а од вардаровите играчи се погодокот на Иван Чупиќ во финалето против ПСЖ, како и гол на Тимур Дибиров.

Тука е и поранешниот играч на македонскиот и европски шампион Алекс Душебаев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top