вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 61 ново

Објавени номинациите за „Златен глобус“

Мрачната бајка „The Shape of Water“ на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо освои најмногу номинации за филмската награда „Златен глобус“. Филмот доби 7 номинации, вклучувајќи ја и онаа во категоријата најдобра драма.

По „The Shape of Water“, филм што победи и на овогодишниот филмски фестивал во Венеција, следува новиот филм на Стивен Спилберг, политичко-новинарскиот трилер „The Post“ со шест номинации.

Освен овие два филма, во категоријата најдобра драма номинирани се и филмот „Dunkirk“ на Кристофер Нолан, комедијата, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ и романтичната комедија „Call Me by Your Name“.

Меѓу номинираните за најдобри актери во категоријата драма се Даниел Деј Луис, Том Хенкс, Гери Олдман и Дензел Вашингтон. За најдобра актерка во истата категорија, меѓу другите, номинирани се Џесика Честејн, Франсес Мекдорманд и Мерил Стрип. Меѓу номинираните во категориите мјузикл или комедија се и Стив Карел, Џејмс Франко и Хју Џекман, како и Џуди Денч, Хелен Мирен и Ема Стоун.

Добитниците на „Златен глобус“, награда што се доделува од Здружението на странски дописници во Холивуд, се сметаат за најдобар показател за тоа што би можело да се случи на „Оскарите“. Номинациите за „Оскар“ ќе бидат објавени на 7 јануари 2018 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top