понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 49 ново

Нимиц се огласи: Грција бара да се зборува за сржта на проблемот

Медијаторот Нимиц конечно објави информации за јавноста , од неговата канцеларија велат дека утре на пладне во една од зградите на обединетите нации во Брисел ќе информира за средбата што ќе се случи утре главниот град на европската унија. Иако медијаторот Нимиц уште пред еден месец најави дека новата рунда преговори ќе се случи на 11 и 12 декември такво нешто денеска во Брисел нема но тоа и не е суштинското за новата рунда преговори која што според се ќе трае само еден ден – јавува дописникот на ТВ Алфа од Брисел.

Медијаторот Нимиц конечно објави информации за јавноста , од неговата канцеларија велат дека утре на пладне во една од зградите на обединетите нации во Брисел ќе информира за средбата што ќе се случи утре главниот град на европската унија. Иако медијаторот Нимиц уште пред еден месец најави дека новата рунда преговори ќе се случи на 11 и 12 декември такво нешто денеска во Брисел нема но тоа и не е суштинското за новата рунда преговори која што според се ќе трае само еден ден.

По изјавата на премиерот Заев дека Македонија и Грција бараат компромисно име за меѓународна употреба од Атина доаѓаат предупредувања дека ако целта на претоворите во Брисел е меѓународно име тогаш Василакис попусто доаѓа на средбата со Нимиц и Наумовски. Според Грција во преговорите се бара ново име за Македонија кое што ќе се употребува и во меѓународни институции но и во земјата за што ќе треба да се менува уставот, велат грчки извори кои што дополнуваат дека мора да се разговара за сржта на проблемот а не за иредентизмот кој што Македонија го наметнала за да може во одредена фаза да го искористи за трговија во преговорите.

Суштинските проблеми во спорот остануваат географската одредница која во моментов се сведува на три опции нова, горна или северна, редоследот на овие зборови со термините Република и Македонија како и именувањето на нацијата и јазикот, прашања за кои што ќе се кршат копјата најдоцна до март до кога грчката влада има простор да преговоара без да се соочи со силен протисок од јавноста.

Новата рунда преговори во Брисел сепак не треба да се гледа како на централна точка на која што ќе биде направен исчекорот. Од досегашните искуства јасно е дека малата македонија не е сама во преговорите со Грција која што ниту има потреба ниту желба да разговара со нас. Дури и сега кога остана сама без Бугарија во блокадата за ЕУ и НАТО Грција е премногу моќна за да може новата влада во Скопје да ја натера на компромис.

Единственото прашање кое сега се поставува во овој контекст е дали нашите пријатели можат со своите капацитети да обезбедат Македонија да добие фер и разумен компромис кој што ќе значи зачувување на идентитетот но пред се достоинствено решени кое ќе ни даде можност горди а не понижени да влеземе во евроатланското семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top