четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 86 ново

Украински суд го ослободи Саакашвили од притвор

Украински суд вечерва донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот грузиски претседател и актуелен лидер на украинското опозициско Движење на новите сили, Михаил Саакашвили.

Судијката Лариса Цокол од Печорскиот окружен суд во главниот град Киев не го прифати барањето на Јавното обвинителството за задржување на Саакшвили во притвор.

Саакашвили и неговите приврзаници, вклучувајќи неколку украински пратеници, ја поздравија одлуката на Судот со аплауз.

Украинското Јавно обвинителство го товари 49-годишниот опозициски за помагање на криминална организација, обвиненија кои тој тврди дека биле фабрикувани, за да се спречи неговата кампања за смена од власта на претседателот Петро Порошенко.

Обвинителството, како што претходно јави МИА, соопшти дека води истрага против Саакашвили за негова поврзаност со украински бизнисмени блиски до Москва, кои подготвувале соборување од власт на Порошенко.

Украинската полиција го уапси Саакашвили во петокот вечерта и од тогаш тој беше во притвор, каде почна и штрајк со глад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top