среда, 24 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Со стап силувале петгодишно девојче до смрт

Индиската полиција испитува луѓе поврзани со убиство и брутално силување на петгодишно девојче.

Нејзиното тело е пронајдено во недела близу до куќата во која живеела. Се верува дека ја силувале со помош на стап, кој е пронајден заедно со нејзиното тело.

-Жртвата починала поради тешките повреди на внатрешните органи предизвикани со ставање на дрвен стап во гениталиите. Стапот бил ставан насилно, што предизвикало повреди не само на матката, туку и на цревата, изјавил за Индија тудеј докторот кој ја правел обдукцијата.

Се претпоставува дека девојчето било киднапирано ноќта помеѓу петокот и саботата и дека брутално било мачено во саботата, кога е и пријавено нејзиното исчезнување. Напаѓачите најверојатно го фрлиле телото после мачењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top