вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 30 ново

Крис Реа се сруши на сцена на концерт во Оксфорд

Англискиот пејач Крис Реа падна на сред концерт во Оксфорд и итно е префрлен во болница, пренесуваат светските медиуми.
66-Годишниот пејач наводно паднал на бината за време на свој концерт и се тресел на подот.

„Се молиме се да е во ред со него. Само падна за време на изведување на една песна. Навистина не изгледа добро. Загрижен сум“, пишува еден негов обожавател на Твитер.

Пејачот кон почетокот на 2000-тите години победи рак на панкреасот, а минатата година имаше и мозочен удар. Има и дијабетес, па мора да прима седум дози инсулин дневно.

Пред да му се слоши, на сцената бил околу 45 минути.
Стоел пред микрофонот и ја држел гитарата кога раката започнала да му се тресе, се обидел да се задржи за микрофонот но не успеал, а потоа само се срушил, го опишуваат обожавателите несреќниот момент.

Концертот во Оксфорд бил еден од последните концерти од неговата турнеја во текот на која требало да настапи во 37 градови.

Извор:Кајгана.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top