петок, 20 април 2018 | Вести денес: 3 ново

Детали за инцидентот по дербито, Мурињо збеснал: Покажи малку почит, кој си ти?

Манчестер Сити вчера славеше над Манчестер Јунатед во дерби средбата во Премиер лигата со што ја зголеми предноста на 11 поени во однос на ривалот од „Олд Трафорд“. По крајот на мечот, во соблекувалната во „граѓаните“ избил инцидент, а според информациите од Острвоот, најжестоки биле Мурињо и младиот голман на Сити, Едерсон.

Според информацииите, „специјалниот“ не бил задоволен од фактот што „граѓаните“ бурно ја прославувале победата и се слушала гласна музика, по што влегол во соблекувалната на противникот да се пожали и посочи дека истата е прекумерна и преставува непочитување.

Од тука започнала бурата, се случил инцидент, биле фрлани различни предмети, имало доста довикувања…

„Мирор“ открива детали од расправијата помеѓу Мурињо и  Едерсон, ситуација при која си размениле доста зборови на португалски. Шефот на Јунајтед му се обратил на младиот Бразилец, притоа укажувајќи му дека ја минал границата, по што настанал инцидетот откако млеко и вода биле фрлени кон Португалецот.

– Еби се, покажи малку почит. Кој си ти? –порачал Мурињо, по што расправијата кулминирала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top