вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Тијана влезе во финалето на ТЛЗП (видео)

Вчеравечер во Белград се одржа полуфиналето на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“, а нашата претставничка Тијана влезе во финалето. Таа имаше задача да ја имитира Пинк и нејзиниот настап од доделувањето на музичките награди „Билборд“, кога ја пееше песната Just Like Fire.

„Летањето ми беше најтешко да го совладам“, изјави Тијана.Видеото погледнете го тука

Победник во полуфиналето беше Бане Видаковиќ. Тијана, пак, имаше најмногу поени од жирито во вкупниот резултат. Таа освои и најмногу гласови од публиката, која првпат гласаше со смс-пораки. Тијана како првопласирана влегува во финалето што ќе се одржи следната недела, 17 декември, а таму ќе повтори еден од нејзините најдобри настапи од целата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top