понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 44 ново

Пожарот во Калифорнија поголем од Њујорк (видео)

Површината зафатена од голем пожар во Калифорнија сега е поголема од градот Њујорк, наведе Би-Би-Си.
Пожарите кои со денови пламтат во јужна Калифорнија „проголтаа“ сѐ што им се најде на патот, на површина од повеќе од 230.000 хектари, а потпомогнати од силниот ветер се шират со огромна брзина.

Пожарите добија и име „Thomas fire“ и се петти досега најголеми, забележани во оваа држава.

Досега евакуирани се повеќе од 200.000 лица, додека сосема изгореле околу 1.000 објекти.
Нова евакуација е наредена за жителите од делови на градот Карпинетија и Монтесито во американската сојузна држава Калифорнија. Овие градови се наоѓаат на 160 километри од Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top