понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 85 ново

Секој на своја страна – Принцот Хари и Меган Маркл веќе се разделија!

 

Иако еуфоријата околу свршувачката на убавата Меган Маркл и принцот Хари се уште не стивнува, новопечените свршеници полека ги продолжуваат своите животи  и како што пишуваат медиумите, секој на своја страна.

После некое време поминато заедно, дојде време и за првата пократка разделба. Имено Меган ги спакувала куферите и сама отишла во Лос Анџелес.

Причината што ќе бидат со километри одалечени еден од друг е тоа што Меган решила да ја посети мајка и Дорија која живее во Америка.

Со ова принцот Хари и Меган покажуваат дека иако еден од нив е член на кралското семејство, всушност се обичен пар кој има нормален живот. Како што наведуваат медиумите, разделбата тешко им паднала, ама ја користат секоја можност да се слушнат и постојнао да бидат контакт.

Меган отишла кај мајка и како би се одморила од медиумската помпа, би ги слегнала впечатоците околу целата свршувачка и би ги наполнила батериите, бидејќи наскоро ја чека нов голем настан – традицоналниот божиќен ручек кај кралицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top