вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Надоаѓа бура во Европа – се најавуваат ветрови со брзина од 120 км/ч

Шпанија и Португалија издадоа предупредувања за силни ветрови и обилни врнежи сред бурата која се приближува на Пиринејскиот полуостров од Атлантикот.

Шпанскиот метеоролшки завод издаде црвено предупредување, на екстремна опасност од временските непогоди, кои денеска ќе ја донесат бурата Ана.

Како што се наведува, најголемата закана по безбедноста ќе бидат силните ветрови, кои би можеле да достигнат и брзина до 120 километри на час во планинските предели и на северозападот на земјата.

Португалскиот метеоролошки завод, исто така издаде предупредување на екстремна опасност од силните ветрови во северните и централните делови на земјата.

Британците ги погоди бурата Керолајн

Од друга страна, Британците се соочуваат со втората голема бура Керолајн, со брзина на ветровите од 140 километри на час, кој донела исклучително ниски температури и снег.

Обилните силни дождови го пореметија денеска во Британија копнениот и воздушниот сообраќај, при што поаѓањето на некои возови и авиони беа откажани.

Британската Метеоролошка служба соопшти дека на сила е жолто предупредување, пред се низ централна Англија, предупредувајќи ги патниците на веројатно пореметувањето на сообраќајниот, железничкиот и воздушен сообраќај.

Во Сенибриџ во Велс, висината на снежната покривка изнесува 28 сантиметри, додека во Хај Вајкомб, надимакот на Лондон, слојот снег достигна висина од 12 сантиметри.

Во Бирмингем во средишна Англија, откажани се летовите, додека кај повеќе од 10 железнички линии пријавено е доцнење.

Во Лондон, исто така одложен е рагби натпреварот поради неповолните временски услови околу теренот.

Се очекува дека оваа бура ќе се движи кон исток, и дека ќе влезе во Франција, а за недела веќе се издадени предупредувања.

usb.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top