понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 85 ново

Робот ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд

Создателот на вештачката интелигенција наречена „Сем“, Ник Геритсен изјави дека тој „виртуелен политичар“ ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд, објави „Дејли Мејл“.

„Сем“ инаку комуницира преку Фејсбук месинџерот, а општењето со луѓето придонесува „тој“ да учи, односно да станува се поголем и се побогат извор на информации. Тоа ќе значи дека би можеле да му го поставите речиси кое било прашање, во кое било време и на кое било место.

Роботот, од друга страна, тврди дека пред да донесе каква било одлука, го зема во обѕир сечие мислење и ставови, и дека никогаш нема намерно да излаже или пак, да ја искриви суштината на информацијата.

– Постои јаз во она што Нов Зеланд сака, што ветуваат политичарите и што нивната политика може. Јас ќе го надминам тоа разидување, ветува политичарот „Сем“.

Тој се уште учи, и неговите одговори се уште се ограничени. Но, Геритсен се надева дека до крајот на 2020 година, којашто и ќе биде изборна, „Сем“ ќе биде доволно напреден, за да се вклучи во трката за премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top