вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 30 ново

Една, ама вредна минута за деби на Милан Ристовски за Риека (фото)

Милан Ристовски конечно доби шанса да дебитира за Риека, а на дуелот против Славен Белупо помалиот брат на Стефан Ристовски влезе во игра во 90. минута.

Доволно за да го почуствува шармот на хрватската Прва Лига и како искуство за во иднина. Двајцата браќа Ристовски во одреден период беа заедно во Риека, лани кога тимот ја освои историската прва титула во ХНЛ. Но, додека повозрасниот Стефан беше една од главните алки во градењето на шампионската круна, помладиот брат Милан играше за младинските категории на Риека.

И сезонава тој е прв стрелец во јуниорската лига на хрватска, па Матјаж Кек одлучи да му даде шанса да дебитира и за првиот состав.

Риека денеска го победи Славен Белупо со 2:0, во меч што Милан долго ќе го памети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top