недела, 22 април 2018 | Вести денес: 39 ново

Писмената задача на Хана: Детски искрено, директно во сржта (ФОТО)

По социјалните мрежи кружи писмената задача на 11-годишна Хана, ученичка во петто одделение во едно загрепско училиште. Нејзините одговори на прашањата врзани за расказот „На светот не може да му се угоди“ се храбри и бескомпромисни, детски искрени

1. Која е поуката од овој расказ? Објасни.
Поглупав од ова магаре е човекот кој сака на сите да им угоди. 

2. Наведи некоја слична ситуација од животот (на пример, на роденден, во училница кога се одлучува за нешто…)
Јас некогаш танцувам на улица. Тато ми вика „немој“, мама ми вика „ајде, смири се“. Но, јас продолжувам да танцувам и не слушам што ми викаат другите.

3. Го прифаќаш ли ти секогаш туѓото мислење?
Не, си терам по свое.

4. Треба ли, сепак, некогаш да се прифати туѓиот совет?

Само ако туѓото мислење се совпаѓа со моето.

Фотографијата од писмената задача на Хана на интернет ја објавила нејзината мајка.

-Хана инсистирала одговорите да бидат нејзини иако асистентката се обидела да ја насочи дека не можеме секогаш тврдоглаво да бараме се да биде по наше, туку дека мораме некогаш да прифатиме компромиси. Хана не сакала така да ги одговори прашањата, па задачата ја решила така како што е напишано на фотографијата. И јас ѝ објаснив дека некогаш мораме да направиме нешто како што сакаат другите, од љубов, од пристојност, од компромис, но таа ми одговори дека е ваква како што напишала и точка, раскажува мајката на Хана за Индекс.хр.

Хана е дете со потешкотии од аутистичниот спектар, вербален и високофункционален аутист, што значи дека со интелигенцијата е во рамките на својата возраст, а заостанува во социоемотивните вештини. Како Шелдон Купер од „Биг бенг теорија“.

-Таква е и Хана, освен што нема суперинтелигенција, туку просечна, но со намалена способност за читање емоции, со изразита радост кон детинести работи, многу отворена и никако не сака да порсне. Наскоро ќе има 12 години, но таа на сите им кажува дека има 9, зашто едноцифрениот број години за неа е знак дека се уште е дете, а со двоцифрен би била возрасна.

 

Хана оди на училиште по нормална програма, но со индивидуализиран пристап и асистеннтка.

Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top