четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

Како се носи фустан од 3600 денари на црвен килим

Иако некогаш не можеше ниту да се замисли на црвен тепих да се pојави некој во скромно фустанче за смртници, денес на црвените теписи шетаат дами со фустани од 3000 денари.
Иако заработува милиони, „очајната домаќинка“ Ева Лонгорија на забава на Флорида се појави со црн фустан од својата колекција, кој чини 69 долари или околу 3600 денари.
Сепак таа не е единствената која му покажа на светот дека женственоста е во жената, а не во скапиот фустан. Многу ѕвезди се осмелуваат да се појават на црвениот тепих во фустани на Зара, Х‘М, па дури и од Топшоп и Лидл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top