недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 39 ново

Златен медал за македонскиот претставник: Дејан Георгиевски стана европски шампион во таеквондо

Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски, денеска успеа да го освои златниот медал на Европското првенство во таеквондо кое се одржува во Софија, Бугарија. Георгиевски настапуваше во олимписката дисциплина +80 килограми, а на патот кон златото успеа да совлада четири противници.

Во првото коло е совладан Италијанецот Милани, во второто Турчинот Јуксел, во четвртфиналето Георгиевски беше подобар од германскиот репрезентативец Унлусој. Во полуфиналето беше совладан Шелест од Украина, а во големото финале, македонскиот претставник го изненади фаворизираниот Русин, Јури Кириченко.

Големиот успех на Георгиевски го приближува до можниот настап на ЛОИ во 2020 година, а на официјалната страница на првенството неговиот резултат е посебно истакнат како пријатно изненадување и намалување на руската доминација во Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top