четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 110 ново

Претседателот на Студентскиот парламент украл 50 000 евра од касата на УГД во Штип

За 50 илјади евра, 29 годишниот Г.С. ја оштетил, касата на студентскиот парламент при УГД , тврдат од Штипскиот сектор за внатрешни работи.

Против Г.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Штип за злоупотреба на службената должност и овластување.

– Во периодот од 16 јануари до 16 декември 2016 година без почитување на Статутот на Здружението, вршел незаконити набавки од фирми и физички лица, како и набавки без притоа да биде известено надлежното тело на Здружението, при што истото го оштетил за 31.170.000 илјади денари. Затоа, СВР Штип поднесе писмено известување за продолжено кривично дело за злоупотреба на службената должност и овластување, изјави Гордана Панајотова – портпарол во СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top