вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Буџаку: Не јадевме 6 ручеци, туку 6 луѓе јадевме еден ручек за кој плативме 40.000 денари

Се работи за еден, а не за шест ручеци. Вака в.д директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку се брани на обвинувањата од претседателот на синдикатот на вработените во центарот, Илија Бојаровски, кој обвини дека Буџаку за ручеци трошел по 40 илјади денари од буџетот на институцијата, а нема за плати за вработените.

Според Буџаку, Бојаровски настапува сам, а не во име на Сандикатот, и верува дека целта на Бојаровски била да го оцрни за да го заземе неговото директорско место.

Буџаку додаде дека сака да се сретне со членовите на синдикатот и дека сака да разговара за сите проблеми со нив.

Претходно, Илија Бојаровски обвини дека додека Буџаку на синдикалците и на вработените не им исплатувал и им „завлекувал“ законски и симболични суми од 3 до 4 илјади денари, галантно трошел со својата картичка над 40 илјади денари во еден ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top