вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Финансиските проблеми носат крах за тимот: Милан ќе ја моли УЕФА за помош

 

Челниците на италијанскиот гигант Милан, се подготвени да преговараат со Европската фудбалска федерација (УЕФА) за постигнување на евентуално решение за проблемите со финансискиот фер-плеј.

Од пред неколку месеци, на чело на Милан е кинеска компанија, која најави дека ќе ги реши сите финансиски проблеми и дека ќе го врати клубот на победничките патеки. Сепак, сега се гледа дека нема ништо од најавеното.

Милан и сезонава игра очајно и е далеку дури и од излез во Европа, а не па да се бори за титулата. Дополнителен проблем им е и фактот дека УЕФА ги притиска со финансискиот фер-плеј.

„Секогаш сме подготвени да ја свртиме другата страна од паричката и да се обидеме да најдеме решение“, соопштија од клубот.
Според најавите, од УЕФА не планираат да прават никакви отстапки за Милан, клуб кој има регистрирано загуба од 255 милиони евра за последните три сезони. Само во летниот преоден рок, пред почнување на новата сезона, беа купени играчи кои вредат над 200 милиони евра, што е многу повеќе од тоа што го дозволува правилото на финансиски фер-плеј на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top