вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Кратово: Четиринаесет годишно момче украло 10 илјади евра од својот татко

Четиринаесетгодишно момче од Кратово, украло околу 10.000 евра од паричникот на неговиот татко, од куќа која била негова сопственост, соопшти денеска СВР Куманово.

„Малолетникот во периодот од 26 април до 1 мај годинава, искористувајќи згодна прилика и необезбедна врата од подрумска просторија од куќа во Кратово, сопственост на неговиот татко, влегол внатре и од машки кожен паричник, во кој имало 15.500 евра, 700 американски долари и 20.000 денари во разни апоени, одзел 10.000 евра. Средствата кои ги украл биле во апоени од по 500, 200 и 100 евра и 100 американски долари“, велат од МВР.

Кражбата во Полициската станица Кратово, ја пријавил неговиот татко. По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека неговиот 14 одишен син ги украл парите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top