вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Американскиот сенатор обвинет за сексуално вознемирување најави оставка

Откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување, сенаторот Ал Франкен најави дека ќе поднесе оставка.

Тој е поранешен актер и комичар, а уживаше голема поддршка меѓу демократите. Американските медиуми го споменуваа и како можен кандидат за претседателските избори во 2020 година.

Неговата репутација се наруши откако повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување, од несоодветно допирање до насилни обиди да ги бакне.

Тој кажа дека ќе поднесе оставка, но дека нема да престане да биде активен за прашањата кои ги смета важни.

– Знам дека не направив ништо со што би ја посрамотиол оваа институција…меѓутоа денеска објавувам дека во следните недели ќе го напуштам Сенатот, истакна 66-годишниот Франкен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top