вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница

За време на истрагата со случајот кога пожарникар од Радовиш отиде по невеста со противпожарно возило, откриен е и коцкарски апарат во просториите на противпожарната единица.

Во септември, вработениот во противпожарната Александар Кулашник отиде по невеста со донирано возило за службата, а откако сето тоа беше откриено, командирот Герасим Коцев се правдаше со сосема ист случај, но од Хрватска.

Полицијата констатирала дека освен по невеста, пожарникарот развозувал познаници со службено возило за време на дежурство. Тој облечен во пожарникарската униформа, превезувал просветни работници. Кога бил откриен случајот, полицијата го побарала командирот, кој се колнел дека Кулашник е до него, на работното место. Потоа бил побаран увид во документацијата и службениот објект.

При преглед на службените простории во противпожарната единица, бил пронајден и коцкарски автомат. Поради тоа, командирот се здобил со нова кривична пријава, покрај постоечките две за несовесно работење во службата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top