вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Борис Дамовски – државен непријател, зашто посака Ма­ке­до­ни­ја во ко­ја има леб и прав­да за се­ко­го

Обра­зо­ва­ни­е­то ли­ше­но од ло­ги­ка, исп­лак­на­то во но­во­го­во­рот на по­ли­тич­ка­та ко­рект­ност. Не­при­ја­тел­ски рас­по­ло­же­ни­от сло­бо­ден ка­пи­тал ка­муф­ли­ран во до­на­ции, гран­то­ви, НВО, кои се са­мо по­друж­ни­ци на бан­кар­ска­та ло­ги­ка на тие бо­жем­но по­да­ре­ни па­ри. Ко­ло­ни­за­ци­ја­та со ту­ѓи при­каз­ни, вред­но­сти и на­ви­ки пре­ку бе­скрај­на­та су­ри­ја суп­стан­дард­ни игра­ни се­рии по те­ле­ви­зи­и­те. Спи­со­кот е долг, но нај­го­ле­ма опас­ност за опстанокот на македонската нација сме ние са­ми­те, се раз­би­ра. И тоа од слеп инат, за­чи­нет со ин­ди­ви­ду­ал­на алч­ност


Го препознаваат во Скопје, зашто, како што самиот вели низ смеа, „јас низ Скоп­је имам ки­ло­ме­тра­жа кол­ку град­ски авто­бус“. Јавноста, сепак, најм­но­гу го пре­поз­на­ва ка­ко автор на  ани­ми­ра­ни­от са­ти­ри­чен филм „Ед­но­о­ки“ и како еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Ангажманот на Дамовски во граѓанската иницијатива произлегува од неговиот избор – из­борот за жи­ве­е­ње, по го­ди­ни по­ми­на­ти низ све­тот, да биде Ма­ке­до­ни­ја. „Ја­зи­кот, зем­ја­та и лу­ѓе­то се дел од мо­ја­та лич­ност, ка­ра­ктер, чув­ства и при­пад­ност“, вели Дамовски во интервју објавено во 2013 година.

Ви пренесуваме извадоци од интервjуто со Борис Дамовски, објавено во неделникот „Република“.

Boris Damoski 14

Кол­ку Ва­ше­то фа­ми­ли­јар­но искус­тво ка­ко де­те на про­те­ра­ни Ма­ке­дон­ци од егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја вли­јае на Ва­ши­те ста­во­ви и во пог­лед на име­то и во пог­лед на се­то тоа што ѝ се слу­чу­ва на Ма­ке­до­ни­ја.
Да­мов­ски: Не мис­лам де­ка по­тек­ло­то е клуч­но во гра­де­ње­то на тие ста­во­ви. Ко­ја би­ло ма­ке­дон­ска фа­ми­ли­ја ка­де што се по­чи­ту­ва­ни, сла­ве­ни па­три­от­ски­те вред­но­сти и ста­во­ви, има исто та­кво вли­ја­ние на ге­не­ра­ци­и­те што ги вос­пи­ту­ва. Единс­тве­на­та пред­ност на тоа по­тек­ло е во тоа што од пр­ва ра­ка учиш де­ка пред­ци од на­ши­те по­ро­бе­ни  те­ри­то­рии го збо­ру­ва­ле овој ја­зик, ја не­гу­ва­ле ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра со по­ко­ле­ни­ја на­на­зад, а тоа са­мо ме пра­ви мал­ку по­ин­фор­ми­ран за ви­стин­ска­та исто­ри­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род, исто­ри­ја не­изб­ле­де­на со лаж­ни­от ин­тер­на­ци­о­на­ли­зам не­гу­ван во по­лу­ве­ков­ни­от со­ци­ја­ли­стич­ки пер­и­од.

Ед­наш ре­ко­вте де­ка ни­ту се­гаш­ни­от пре­ми­ер ни­ту кој би­ло друг по­ли­ти­чар не вли­ја­ел на по­го­ле­ма за­ста­пе­ност на ан­тич­ки идеи во Ва­ше­то се­мејс­тво, ту­ку де­ка тоа би­ла Ва­ша­та ба­ба?
Да­мов­ски: Да, мо­ја­та ба­ба Ан­ге­ли­на ни ги рас­ка­жу­ва­ше ле­ген­ди­те за ца­рот Але­ксан­дар до­де­ка во учи­ли­ште нè пум­паа кол­ку умен бил Рекс, волч­ја­кот на Ти­то. И ко­му чо­век да ве­ру­ва? На на­став­ни­кот, кој среќ­но се раз­ве­зу­ва во „сто­кец“ ку­пен на га­га-кре­дит или на вну­ка­та на Пе­тар Да­мов Хри­стов – Гер­ман­че­то?

Ка­ко ги ко­мен­ти­ра­те си­те тие што ја кри­ти­ку­ва­ат та­ка­на­ре­че­на­та ан­ти­кви­за­ци­ја, по­ја­ва во ко­ја по­крај ко­мит­ска­та и пар­ти­зан­ска­та исто­ри­ја се про­мо­ви­ра­ат и дру­ги вред­но­сти, ка­ра­кте­ри­стич­ни за ан­тич­ки­от пер­и­од?
Да­мов­ски: Смеш­на, не­ин­вен­тив­на, очиг­лед­но „на­дри­ла­на“ да одра­бо­ти ту­ѓа иде­о­ло­ги­ја. Се­то тоа ку­тро пре­пел­ка­ње во се­бе­со­до­ми­зи­ра­ње е та­жен обид да нè спа­ку­ва­ат во гло­ба­ли­за­тор­ска­та се­ед­ност кон на­ци­о­нал­но­ста, по­себ­но­ста. Зад тоа се крие по­тре­ба­та да нè вка­ла­пат со вред­но­сти што не му се бли­ски ни­ту својс­тве­ни на Ма­ке­до­не­цот. Та­ка фи­но спа­ку­ва­ни „ин­ди­ви­дуи“ им се по­треб­ни ка­ко дар на ол­та­рот на но­ви­от свет­ски по­ре­док, но тоа е ве­ќе дру­га при­каз­на.

Boris Damoski 2

Ка­ко ре­а­ги­ра­те на му­а­бе­ти­те де­ка е мож­но ме­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Има ли, во­оп­што, опас­ност да се сме­ни лич­ни­от и на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет на ед­на це­ла гру­па, ко­ја го соз­да­ва­ла со де­це­нии и со ве­ко­ви, но и на лич­ни­от иден­ти­тет на ни­за ге­не­ра­ции што се ра­ѓа­ле и уми­ра­ле ка­ко Ма­ке­дон­ци?
Да­мов­ски: Тоа е те­за­та, ко­ја за­го­вор­ни­ци­те и под­др­жу­ва­чи­те на нуж­но­ста за про­ме­на на име­то на зем­ја­та се­срд­но ја тур­ка­ат. Над­вор ќе нè на­ре­ку­ва­ат Клин­гон­ци, а са­ми­те дла­бо­ко во се­бе зна­е­ме кои сме.

Ап­сурд­но­ста, на­вре­да­та со­др­жа­на во таа те­за е не­при­фат­ли­ва за кој би­ло здра­во­ра­зу­мен по­е­ди­нец. Жонг­ли­ра­ње­то со фра­зи, спи­ну­ва­ње­то со фа­кти­те до­стиг­на и ака­дем­ска по­твр­да со раз­но­раз­ни­те Пи-Ар шко­ли, кои ни се на­гр­наа на пле­ќи. Нам ни оста­ну­ва са­мо да одо­ле­е­ме.

Да­ли кај Вас по­не­ко­гаш се по­ја­ву­ва та­ква жел­ба – да се од­ле­та за­се­ко­гаш од ов­де?
Да­мов­ски: Мо­јот из­бор за жи­ве­е­ње, по го­ди­ни по­ми­на­ти низ све­тот, е Ма­ке­до­ни­ја. Ја­зи­кот, зем­ја­та и лу­ѓе­то се дел од мо­ја­та лич­ност, ка­ра­ктер, чув­ства и при­пад­ност.

Ус­пеа ли Ма­ке­до­ни­ја да се от­трг­не од бал­кан­ска­та ма­ло­гра­ѓан­шти­на и па­ла­неч­ка фи­ло­со­фи­ја, спо­ред ко­ја да се се­ди ма­дро и да се пре­жи­вее е сто­па­ти по­до­бро од оби­дот да се би­де хра­бар и да се ри­зи­ку­ва до­бри­от глас?
 Да­мов­ски: Не­кои од нас да, не­кои – не.

Спо­ред вас, кои се нај­го­ле­ми­те опас­но­сти за оп­ста­но­кот на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја?
Да­мов­ски: Обра­зо­ва­ни­е­то ли­ше­но од ло­ги­ка, исп­лак­на­то во но­во­го­во­рот на по­ли­тич­ка­та ко­рект­ност. Не­при­ја­тел­ски рас­по­ло­же­ни­от сло­бо­ден ка­пи­тал ка­муф­ли­ран во до­на­ции, гран­то­ви, НВО, кои се са­мо по­друж­ни­ци на бан­кар­ска­та ло­ги­ка на тие бо­жем­но по­да­ре­ни па­ри. Ко­ло­ни­за­ци­ја­та со ту­ѓи при­каз­ни, вред­но­сти и на­ви­ки пре­ку бе­скрај­на­та су­ри­ја суп­стан­дард­ни игра­ни се­рии по те­ле­ви­зи­и­те.

Спи­со­кот е долг, но нај­го­ле­ма опас­ност сме ние са­ми­те, се раз­би­ра. И тоа од слеп инат, за­чи­нет со ин­ди­ви­ду­ал­на алч­ност.

Ка­ква Ма­ке­до­ни­ја по­са­ку­ва­те или ка­ква би ја на­пра­ви­ле до­кол­ку има­те моќ да го на­пра­ви­те тоа?
Да­мов­ски: Ма­ке­до­ни­ја во ко­ја има леб и прав­да за се­ко­го.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top