среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 98 ново

Москва загрижена поради одлуката на САД за Ерусалим

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва е сериозно загрижена поради одлуката на САД да го премести седиштето на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.

Во соопштението на Министерството се наведува дека  чесно и трајно решавање на стариот палестинско-израелски судир, кој обезбедува решавање на сите аспекти на конечниот статус на палестинската територија, вклучувајќи го и осетливото прашање за Ерусалим, по пат на директни палестинско – израелски разговори, мора да се постигне на основа на меѓународното право и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и Собранието на ОН.

Како што се наведува, планот на Вашингтон да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим претставува закана за процесот на решавање на палестинско-израелската криза и може да се одрази на целокупната состојба на Блискиот исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top