вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Кривична пријава за 22 – годишно момче: Уценувал тинејџерка со експлицитни слики, ги пратил кај нејзиниот татко

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар, поднесе кривична пријава против Р.А. (22) од с. Елевци, Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – уцена.

Р.А. набавил фотографии со експлицитна содржина од 17-годишно девојче и се обидел да ја уценува.

Од неа побарал и други фотографии, а дел од фотографиите преку социјалните мрежи ги испратил на нејзиниот татко.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top