петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 5 ново

Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Пливачката федерација на Македонија ќе го подржи учеството на пливачите Ана Јаневска, Љупчо Ангеловски, Миа Крстева, Давор Петровски во нивното учество на ЛЕН Европското првенство во кратко пливање кое ќе се одржи во Копенхаген, Данска, во Кралската Арена.

– Горд сум што можам да кажам дека четири наши пливачи ќе учествуваат на ова Европско првенство во пливање. Можам да констатирам дека во минатиот период пливањето се соочуваше со една тешка ситуација за која сум убеден дека во иднина ќе се реши и се надевам дека ќе има големи промени во пливањето и дека пливањето ќе блесне во оној сјај во кој што треба да биде. Се надевам дека пливањето ќе биде една од најуспешните приказни во периодот кој следи, рече Дарко Каевски на денешната прес-конференција.

Каевски најави изградба на базени во следните две години.

– Тоа е проект кој ќе се случи во текот на 2018-та и 2019-та година. Како дополнување на тоа ќе имаме и програма која ќе ги следи сите оние подготовки и припреми на нашите пливачи со цел што е можно подобар пласман и освојување на норма за учество на олимпијадата во Токио во 2020-та година, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Успешен настап на македонските репрезентативци им посака и претседателот на федерацијата Александар Маленко.

– Сигурен сум во четирите пливачи и нивните тренери дека достојно ќе не претстават и ќе испливаат најдобри резултати. Нека биде ова еден почеток на пливачкиот професионализам, истакна Маленко.

На ЛЕН Европското првенство во кратко пливање, кое ќе се одржи од 13-ти до 17-ти декември, ќе учествуваат околу 700 пливачи од 45 држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top