вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Б. (18), К.Д. (52), Џ.Д. (22), С.Д. (28) и Ф.Ј. (21), сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 15.10.2017, 04.11.2017 и 12.11.2017 година, на местото викано „Чешме Маале“, атар на планината Плачковица, пријавените со три возила се упатувале на планината Плачковица и покрај тоа што  шумочуварите од ЈП „Македонски Шуми“- Радовиш им укажувале дека за тие денови сечата на дрва не е дозволена.

При враќање, пријавените во возилата имале натоварено огревни дрва и на даден знак за запирање од шумочуварите не застанувале и им се заканувале дека физички ќе ги нападнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top