вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Лос Анџелес како во пеколот, горат имотите на богаташите (видео)

Најголемиот и најразорен пожар кој исфрла пламени јазици кои голтаат се пред себе се случува во моментов во јужна Калифорнија. Од час во час ситуацијата е се посериозна, јавуваат светските медиуми.

Над илјадници луѓе се евакуирани, стотина домови се уништени, а пожарот се приближува и во Лос Анџелес. Сликите и видео-снимките поставени на социјалните мрежи говорат за катастрофата што му се заканува на американскиот град.

На некои од најпрометните сообраќајници скоро е невозможно да се воси, бидејќи насекаде има пламен, поради што некои авто-патишта се затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top