вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Командир од Радовиш заработи кривична: Огранизирал игри на среќа во службена просторија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Г.К. (47) од Радовиш, командир на вод во Територијална противпожарна единица Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.

Во една од просториите неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

На 20. октомври годинава, при увид во документацијата и преглед на определени службени простори на Територијалната противпожарна единица Радовиш, во една од службените простории бил забележан апарат за забавни игри со натпис, кој што се става во погон со пари, жетони или на друг начин.

За констатираното бил известен Јавен обвинител, а апаратот бил одземен.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top