среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Кришум влегол во подрумот – малолетник од Кратово украл 10.000 евра од својот татко

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово, до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе известување против 14-годишник од Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба”.

Малолетникот, во периодот од 26.04. до 01.05. годинава, искористувајќи згодна прилика и необезбедна врата од подрумска просторија од куќа, лоцирана на ул. „Мирче Ацев“ во Кратово, сопственост на неговиот татко, влегол внатре и од машки кожен паричник, во кој имало 15.500 евра, 700 американски долари и 20.000 денари во разни апоени, одзел 10.000 евра во апоени од по 500, 200 и 100 евра и 100 американски долари или севкупно околу 620.000 денари.

Кражбата, во Полициската станица Кратово, ја пријавил неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top