среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Овенот се вљубува на прв поглед, а Шкорпијата како да ја погодил гром… Како се вљубуваат хороскопските знаци?

Овен

Љубовта за Овенот се појавува одеднаш, на прв поглед. Тој е храбар, авантурист и не му е проблем ако не го познава многу предметот на својата заљубеност. Ако му се допаѓате, брзо ќе дознаете, зашто нема да чека да го направи првиот потег.

Бик

За овој знак љубовта е тест. Бикот е себичен со љубовта, не ја дава лесно, смета дека таа мора да се заработи. Тој има силни чувства, но тие се длабоко закопани. Потребно е да се потрудите да ги разгорите.

Близнаци

За нив љубовта е бескрајна мистерија. Иако се друштвени, кога за заљубени тие се збунети и не знаат што да очекуваат. Уживаат во изненадувањето и возбудата, но љубовта ги вади од рамнотежа.

Рак

За Ракот љубовта е утеха. Тој има длабоки чувства кон домот, кон семејството, кон пријателите. Во скоро сė го водат чувства, па кога ќе најде љубов, ужива во нејзините благодети.

Лав

Љубовта надвладува сė, смета Лавот. Тој сака сите очи да бидат вперени кон него, но кога е заљубен, станува опседнат од лицето кое го сака. Цело време мисли на саканата личност, дури и кога таа е до него.

Девица

Ја сметаат љубовта за лична работа. Бидејќи постојано се критикуваат себеси и другите, кога ќе наиде саканата личност, иако чувствуваат треперење, наместо да ја гушнат, поверојатно ќе дадат саркастичен коментар. Девицата се плаши дека ако се препушти на љубовта, ќе се изгуби себеси.

Вага

Сметаат дека љубовта ги вади од рамнотежа. Вагата ги цени уметноста, убавината и хармонијата. Сака сите да се среќни и да се забавуваат. Таа постојано ја искажува љубовта со смислени гестови и емотивни допири.

Шкорпија

За љубовта ќе урнат сè пред себе. Таа сака да има голем и храбар живот и љуби бестрашно. Љубовта и сите емоции ги чувствува многу длабоко и има тенденција да се однесува посесивно кон луѓето во кои е заљубена.

Стрелец

Љубовта за овој знак е самооткривање. Тој е паметен, ентузијаст и современ. Секогаш е страсен, па кога е заљубен, чувствува како таа страст се мултиплицира. Стрелецот е најсреќен е кога ѝ удоволува на саканата личност.

Јарец

За нив љубовта е бескрајна мисија. Јарците можат да бидат строги и премногу одговорни. Кога се заљубени, чувствуваат како да треба да направат љубовта да успее од сите аспекти. Сакаат љубовта да трае вечно и ќе направат сè за да биде така.

Водолија

Овој знак љубовта ја начекува неподготвена. Понекогаш толку се занесуваат во хуманитарни работи што забораваат на своето срце. Љубовта обично доаѓа кога не ја бара. Кога е заљубена, светот го гледа преку розови очила.

Риби

За Рибите љубовта е безнадежна предаденост. Тие имаат многу чувства и секогаш мислат на другите. Кога се заљубени, посветени ѝ се на личноста што ја сакаат. Се чувствуваат занесено и како некој навистина да ги разбира.

 

извор: hybread.mk 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top