среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата во знак на револт за притворените пратеници

И штипските советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ја напуштија третата седница на општинскиот совет, откако вчера тоа го направија советничките групи во Куманово, Берово и Ѓорче Петров.

Советникот Иван Јорданов појасни дека се одлучиле на ваков чекор во знак на реакција и одговор на апсењето на луѓето кои, како што рече тој, го бранеле уставот на Македонија, додека се ослободуваат сторители на тешки кривични дела.

-Ќе порачаме на МВР и на ЈО дека ако е грев да се сака Македонија и овде има луѓе кои ја сакаат Македонија и кои се терористи – истакна Јорданов.

Тој и неговите колеги носеа маички со натпис „И јас сум терорист“.

Советниците од повеќе општини, со демонстративното напуштање на седниците даваат поддршка за нивните сопартијци кои се во притвор, односно за пратениците кои се дел од 35 –те осомничени за кривично дело против државата „терористичко загрозување на уставниот поредок“. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вчера дека притворањето претставува уривање на демократијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top