среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 106 ново

Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија

Романите „Храпешко“ и „Недела“, на истакнатиот македонски писател Ермис Лафазановски, излегоа во печат на арапски и бугарски јазик. Арапското изданије на „Храпешко“ е излезено во престижната издавачка куќа „Ал Арабија“, во Каиро, Египет, а бугарското издание на романот „Недела“ во рамките  на издавачката куќа „Персеи“, во превод на Марјан Петров.

Инаку романот „Храпешко“ веќе е преведен на Словенечки, Хрватски, Српски, Полски и Руски, а во подготовка е и изданието на бугарски јазик. Преводите на двете книги се подржани од програмата на Министерството за култура на Република Македонија за превод на македонски дела на странски јазици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top