среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 98 ново

ИД не е мртва, се раѓа нов калифат поблиску одошто мислиме

Поразот на терористичката организација ИСИС на Блискиот Исток не влијаел на нејзините способности да организира терористички напади преку Интернет во западните држави, соопштила во американскиот сенат директорката на Националниот антитерористички центар, Лора Шајо.
Од јануари оваа година Исламската држава извела или презела одговорност за „најмалку 20 напади против западните интереси“, соопштила Шајо. Способноста на терористите да пронаоѓаат луѓе слични на себе по целиот свет преку социјалните мрежи е без преседан и ѝ овозможува на ИСИС да добие пристап до голем број на екстремисти во западните држави.

„Новиот калифат е во сајбер просторот“ – изјавил републиканецот Рон Џонсон, претседател на Комитетот на Сенатот за прашања по националната безбедност и државни работи, пренесува Спутник.

ИСИС моментално претрпува порази на сите фронтови, но истовремено во Европа има се повеќе приврзаници од кога било.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top